Во кошаркарската Евролига денеска и утре на програмата се натпреварите од 7. коло.
Лидерот на табелата во „А“ групата Фенербахче на домашен терен го пречекува францускиот состав на Стразбур. Со евентуална победа истанбулскиот тим, на две кола до крајот на групната фаза, ќе обезбеди место во ТОП 16 рундата.
Двојки за 7.коло во Евролигата и табели:
А-група:
Химки – Баерн Минхен,
Фенербахче – Стразбур (четврток),
Црвена звезда – Реал Мадрид (петок).
Табела: Фенербахче 11 бодови, Химки 10, Стразбур 9, Реал Мадрид 8, Црвена Звезда 8 и Баерн Минхен 8.
Б група:
Лимож – Цедевита,
Емпорио Армани – Анадолу Ефес,
Олимпијакос – Лаборал (четврток).
Табела: Олимпијакос 11 бодови, Лаборал 10, Цедевита 9, Анадолу Ефес 9, Лимож 8 и Емпорио Армани Милано 7.
Ц група:
Зиелона Гора – Барселона (четврток),
Локомотив Кубан – Жалгирис (петок),
Каршијака – Панатинаикос.
Табела: Барселона 11 бодови, Локомотив Кубан 11, Жалгирис 9, Панатинаикос 8, Каршијака 8 и Зиелона Гора 7.
Д група:
Уникаха – Макаби Т.А. (четврток),
ЦСКА Москва – Динамо Сасари (петок),
Дарушафака – Бросе Баскет.
Табела: Уникаха 11 бодови, ЦСКА Москва 11, Бросе Баскет 10, Дарушафака 9, Макаби Т.А. 7 и Динамо Сасари 6.