Настапи на македонските тенисери во второто коло

Од:

Македонските тенисери денеска повторно се активни на фјучрс турнирите и ќе играат во второто коло во поединечна конкуренција.

Лина Ѓорческа на фјучрсот во Софија (награден фонд 25.000 долари) ќе игра против Тереза Мрдежа (6.носител) од Хрватска. Таа попладнево во двојки со Деспина Папамихаил од Грција ќе играат во полуфиналето против првите носителки српско-унгарската комбинација Тамара Чуровиќ и Река Лука Јани.

Димитар Грабул на фјучрсот во Суботица (награден фонд 10.000 долари) ќе игра против првиот носител Роман Јебави од Чешка. На истиот дел турнир меѓусебе ќе играат и Томислав Јотовски и Шендрит Деари. Што значи дека Македонија ќе има еден четвртфиналист. Победниците од овие мечеви ќе играат меѓусебе во четвртфиналето.

Вчера сите тројца тенисери кај мажите успешно го минаа првото коло.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров