Настап на македонските тенисери на фјучeрсот во Суботица

Од:

Тројца македонски тенисери денеска ќе настапат во првото коло на фјучерс турнирот во Суботица што се игра за награден фонд од 10.000 американски долари.

Томислав Јотовски, кој е рангиран како носител број 5 ќе игра против Унгарецот Виктор Филипенко. Димитар Грабул за противник го има Французинот Флорен Диеп, додека Шендрит Деари ќе настапи против Серги Роговеану од Романија.

Јотовски и Грабул вчера во 1.коло на двојки загубија од Хрватските Иван и Матеј Шабанов.

Настап во четвртфиналето во двојки на фјучерсот во Софија (награден фонд 25.000 долари) денеска ќе има Лина Ѓорческа која со Деспина Папамихаил од Грција ќе играат против тенисерките од Шведска, Хилда Меландер и Ребека Петерсон.

Ѓорческа вчера во првото коло постигна победа и следна противничка во второто коло и е Тереза Мрдежа од Хрватска.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров