Напредок од три позиции за македонската репрезентација на ФИФА листата

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше три позиции на најновата рејтинг листа на ФИФА објавена денеска. „Црвено-жолтите“ од 108. се искачија на 105.место.

Скокот се должи на нерешениот резултат од пријателскиот натпревар со Австралија на 30 март во Скопје.

Македонските фудбалери пропуштија да направат поголем напредок, затоа што на 27 март загубија дома од Белорусија со 2:1, репрезентација која по овој триумф скокна дури 15.позиции на ФИФА листата и сега е 83.та.

Од другите селекции кои се во евро-квалификациската група заедно со Македонија, најкдобра е Шпанија (10.место),  Словачка е 20.та, Украина се наоѓа на 33.место, додека Луксембург е на 137.позиција.

Во ТОП 10 покрај Шпанија се наоѓаат и: Германија, Аргентина, Белгија, Колумбија, Бразил, Холандија, Португалија, Уругвај, Швајцарија.

Следното рангирање ФИФА ќе го направи на 7.мај.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи