Наполи ја заврши сезоната во Европа, италијанскиот тим елиминиран од Гранада

Од:

Италијанскиот фудбалски прволигаш Наполи доживеа вечерва елиминација во осминафиналето во Лига Европа, откако триумфот од 2:1 над Гранада беше недоволен да ја анулира негативата од првиот натпревар.

Наполи, во чиј почетен состав се најде и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, поведе веќе во третата минута со голот на Пјотр Зелински, но шпанскиот тим на средина од полувремето израмни преку Анхел Монторо.

По примениот гол и поразот од 2:0 на гостувањето во Шпанија, на Наполи му беа потребни уште три голови за пласман во четвртфиналето, но до крајот стигна само до пирова победа преку Фабиан Руиз во 59 минута.

Елмас одигра еден час, пред да биде заменет со Дрис Мертенс.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он