Нант поднесува жалба до ФИФА против Кардиф за трансферот на Сала

Од:

Нант ќе поднесе жалба до ФИФА против активностите на Кардиф, пишуваат британските медиуми. Францускиот клуб сака да добие 15 милиони евра за трансферот на напаѓачот Емилијано Сала.

Раководството на Нант побара од колегите во Кардиф да го направат трансферот на парите. Клубот од англиската Премиер лига одби, повикувајќи се на фактот дека истрагата на околностите околу смртта на Сала се уште не е завршена.

Од Кардиф инсистираат сите детали за организацијата на летот да бидат испитани, особено кој е одговорен за тоа што се случило и дали пилотот Дејвид Иботсон, кој исто така почина, имал доволно квалификации.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи