Наместо за Работнички, покана за Металац во АБА лигата

Од:

Кошаркарскиот клуб Металац од Ваљево во престојната сезона ќе игра во АБА лигата, откако доби специјална покана од бордот на регионалното натпреварување.

Металац ќе игра на местото на Раднички кој се откажа поради неможноста да собере 150.000 евра за котизација.

Договорот помеѓу двете страни мора да биде потпишан најдоцна до 10. септември, така што во наредните денови двете страни ќе мора да ги завршат сите разговори и консултации.

Инаку во игра за испразнетото место беше и најтрофејниот македонски клиб Работнички, но бордот на лигата сепак се реши за српската екипа.

„Доколку ККМеталац ги исполни сите неопходни услови тогаш ќе влезе на местото на Раднички, кој неколку пати се обиде но за жал не успеа да ги исполни условите. Бордот реши да му ја додели „wild картата“ на Металац, со цел да ја заштити регуларноста на натпреварувањето. Бордот на АБА лигата им се заблагодарува на сите клубови кои покажаа желба да бидат дел од лигата“, пишува на официјалната интернет страница на АБА лигата.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос