Намалување на бројот на странци во мак-баскетот повторно бараат македонските кошаркари

Од:

Здружението на кошаркарски играчи во Македонија и даде поддршка на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), да се вметнат промени во одлучувањето на бројот на странски играчи во мак-баскетот, односно промена на Регистрацискиот правилник со кој ингеренциите за носење ваква одлука ќе ги има УО на МКФ, а не како досега клубовите.
Ова меѓу другото стои во соопштението на Здружението на македонските кошаркари, со кое уште еднаш ја потврдуваат заложбата за намалување на бројот на страците во домашниот шампионат.

Во продолжение целосно го пренесуваме соопштението на играчите упатено до јавноста и МКФ:

„Здружението на кошаркарски играчи како еден од најбитните субјекти, барем преку протагонистите на кошаркарската игра, преку ова соопштение дава свој став околу предлог промените во Регистрацискиот правилник и Статут на МКФ кои ќе бидат на дневен ред на Собранието на МКФ кое ќе се одржи на 23.04.2016.

Имено, нашето залагање за подобрување на условите за натпреварување во Македонската кошаркарска лига, статусот на македонските кошаркари во Македонската кошаркарска лига и иднината на Македонската копшаркарска репрезентација воопшто, конечно наидува на слух од новото раководство на МКФ. Предлозите за промени од страна на МКФ, се од круцијална важност за иднината на македонската кошарка и во таа насока Здружението на кошаркарски играчи со оптимизам ќе го чека Собранието на 23.04.2016.

Здружението на кошаркарски играчи на Собранието ќе ги повтори и потврди досегашните ставови во однос на бројот на македонски регистрирани играчи во домашното првенство, бројот на странските регистрирани играчи во домашното првенство како и ставот за условите за работа на играчите ширум кошаркарските терени во Р. Македонија.

Со ова писмо Здружението на кошаркарски играчи нема намера да влегува во конфликт со Здружението на прволигаши, напротив, има искрена желба да се најдат најквалитетни решенија во корист на кошарката во Р. Македонија, како и на двете здруженија, поддржани од МКФ“.
По најавата од страна на МКФ, за промени во Регистрацискиот правилник и Статусот на МКД, минатиот петок реагигаа прволигашите, кои ваквите најави за промени ги нарекоа аматерски и побараа итен состанок со челниците на МКФ на кој тие ќе бидат разгледани. Во спротивно, тие ќе побараат пролонгирање на собранието закажано за во сабота (23 април).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос