Српскиот џудист Вук Рашовиќ има најдолга натпреварувачка кариера на планетата, 14 пати бил светски и седум пати европски шампион во џудо. Но, тој има 78 години и нема намера да застане.
– Секој ден тренирам. За мене, тоа е и навика и забава… Но, никогаш не ми е тешко, нагласува Рашовиќ.
Тој вели дека не е ригорозен во однос на исхраната и сака да јаде сè, а понекогаш пие и алкохол. Професор е на Белградскиот Универзитет и носител на титулата академик на Меѓународната истражувачка академија за наука и уметност.