Најстариот 101-годишен маратонец оди во пензија

Од:

Без никакво сомневање најстариот маратонец ќе ја заврши својата кариера престојниот викенд. Вели дека трчањето веќе почнало да го заморува.

Фауја Синг или „Торнадо“ почнал да трча со 89 години и од тогаш до сега завршил девет маратони. Меѓутоа признал дека годините го прават своето.

„Тешко ми е што одам во пензија. Навистина ми е тешко кога ќе го слушнам тој збор, затоа што јас сеуште можам да трчам“ – изјави Синг.

Маратонецот кој на први април ќе наполни 102 години, ќе се натпреварува на трката на десет километри, во недела на маратонот кој брои 72.000 учесници во различни категории.

„Се плашам дека луѓето повеќе нема да ме сакаат коа ќе престанам да трчам. Во овој момент сите ме сакаат. Се надевам дека луѓето нема да ме заборават. Кога ќе остарете станувате ако дете, барате внимание“ – изјави Синг.

Синг има 52 килограми и вели дека нема проблеми со болести.

„Не сум болен, едноставно трчањето ми стана заморно. Нема да престанам да трчам но тоа ќе го правам рекреативно заради моето здравје“ – заврши Синг.

Би можело да ве интересира

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески

Падна олимпискиот рекорд во маратонот во Париз

Горан Наумовски

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

(ВИДЕО) Невидена грешка и остана без 7000 долари: Наместо на целта, тргна кон полицијата

Предраг Петровиќ