Најмасовен досега „Виз Ер Скопски Маратон“

Од:

Остануваат уште 31 ден до најпопуларната и најмасовната спортска манифестација во Македонија, „Виз Ер Скопски Маратон“, кој според најавите оваа година ќе биде најмасовен до сега.Имено, до денес се пријавени повеќе од 4500 учесници од 38 земји од светот, а организаторите очекуваат овој број уште да се зголеми, бидејќи до утре е рокот за пријавување по поволна цена.

– Постојаното зголемување на бројот на учесници се должи на  тоа што секоја година се зголемува бројот на љубителите на трчањето во нашата земја, но радува фактот што се зголемува и интересот на странските учесници, бидејќи од година во година работиме на подобрување на квалитетот на маратонот во секој поглед, како организациски, така и содржински и се обидуваме да ги следиме сите трендови во маратонското трчање, изјави Кире Синадиновски, директор на маратонот.

На денешната прес-конференција која се одржа во ЕУ инфо центар, свое излагање пред медиумите имаше и Аиво Орав, амбасадорот на ЕУ во Република Македонија.

– Маратонот, поддржан од делегацијата на Европската Унија од самиот почеток, е еден од централните настани во програмата за одбележување на 9 мај Денот на Европа. Ги поддржуваме спортските настани, бидејќи спортот го пренесува концептот на мир, толеранција, меѓусебно разбирање и образование – вредности кои се во срцето на европската идеја, рече Орав.

И оваа година Скопски маратон е под покровителство на Град Скопје, Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт. Главниот спонзор Виз Ер како и минатата година, така и оваа, на сите пријавени маратонци им доделува вредносен ваучер во износ од 20 евра за некој од нивните летови.

Она што ќе се случува пред маратонот е Женска трка која ќе се одржи во недела, во 10 часот во Градски парк во Скопје кај Школка. Станува збор за трка која од година во година се здобива со голема популарност, а и бројот на жените кои учествуваат е сè поголем. За во недела се очекува бројка од 1000 жени да земат учество. Оваа година трката ќе биде на 2км и ќе има натпреварувачки карактер, каде на најдобрите во неколку возрасни категории ќе им доделиме и медали и дипломи, а ќе се организира и лотарија за сите учеснички.

Како и што беше ветено од страна на организаторот, пријавените учесници во маратон, полумаратон и штафетниот маратон од 2015.

Стандардните трки – маратон (42.195км), полумаратон (21.097км) и трката на 5 километри остануваат и оваа година главно обележје на маратонот, а организаторите најавуваат и штафетен маратон, со што остануваат 4 трки на програмата како и што беше планирано и за минатиот маратон.

Би можело да ве интересира

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески

Рекордни 13.400 учесници на скопските улици: Заврши јубилејното 20-то издание на Виз Ер Скопски маратон Inbox

Поради „Виз ер- Скопски маратон“ в недела во Скопје посебен режим на сообраќај

Падна олимпискиот рекорд во маратонот во Париз

Горан Наумовски

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина