Најлуксузниот кабриолет на „Мерцедес“ е подготвен за авто-салонот во Франкфурт

Од:

„Мерцедес С класа кабрио“ светската премиера ќе ја има на претстојниот франкфуртски авто-салон, информира германскиот производител.

После лимузини, купеа и продолжени лимузини, односно суперлуксузните верзии на „Мајбах“ – „С600“ и „Пулман“, семејството од С класата на “Мерцедес“ ќе биде проширено со нов член.

Во прашање е четворосед со расклоплив платнен покрив, а „Мерцедес“ наведува дека станува збор за прв кабриолет на овој производител во највисоката  класа уште од 1971 година.

Подвижниот покрив е дизајниран така да со својата форма ги поддржуава линиите на купе верзијата на „С класата“ на „Мерцедес“.

Од купето ќе бидат преземени моторите. Силата стандардно ќе се пренесува на задната осовина, а 4Матик погонот на сите четирии тркала ќе биде достапен како опција.

Малку подоцна во продажба ќе се најдат и најсилните, АМГ модели – „С63“ и „С65“.

Со оглед на фактот дека премиерата на „С класата“ на „мерцедес“ со отворен покрив е закажана за средината на септември, првите фотографии и технички детали треба да бидат објавени до крајот на август.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска