На 31. Охридски пливачки маратон се пријавени 22 пливачи од кои 15 мажи и седум жени од сите страни на светот кои ќе се борат за наградниот фонд од 10.000 долари.
Доаѓаат пливачи од Франција, Бразил, Аргентина, Канада, Италија, Германија, Холандија, Хрватска и Русија.
Прворангирани во Гран при пласманот на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) се Евгениј Поп Ацев од Македонија, Сочино Едоардо од Италија, Акилес Балаудо и Дамијан Блаум од Аргентина.
Во женска конкуренција првопласирани се Гејло Пиљар и Гарсија Рита Ванеса од Аргентина. По Охрид, на натпреварувачите им останува само уште една трка во склоп на Гран при серијата на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА).
Почетокот на 31-от Охридски пливачки маратон е в сабота од 12 часот кај манастирот Свети Наум, а завршува на Градското пристаништето во Охрид.