Награден турнир за карате кати во Кавадарци

Од:

Во Кавадарци викендот се одржа Награден турнир за карате кати,  за натпреварувачи родени 2004-2006 година, како и Државно првенство во карате за натпреварувачи од 11-14 години. На натпреварот учество земаа околу 400 натпреварувачи од 53 клубови од Македонија.

Натпреварот се одржа во организација на Карате федерацијата на Македонија, а домаќин на натпреварот беше КК „Урбан Инвест “од  Кавадарци.

– На натпреварувањето во кати освоивме значајни резултати како и секогаш. Во категоријата награден турнир за деца златен медал освои  нашиот Петар Аврамов. Во  категорија натпреварувачи родени 2004 година бронзени медали освоија ката тимот составен од натпреварувачи родени  2004/2006 година во состав Петар Аврамов, Томе Ѓондев и Кристијан Стојев, како и ката тимот  2004/2006 во состав Данка Стојкова, Цветанка Стојева и Јована Манева, истакна денеска тренерот на Урбан инвест, Ивана Аврамова.

Младите каратисти од тој клуб и на државното првенство исто така постигнаа успех. На државното  првенство за натпреварувачи од 11-14 години златни медали освоија Владанка Аврамова, како и нашиот ката тим составен од натпреварувачки родени 2002/2003 година.  Ивана Муфтарова освои сребро, а Миа Маневска и Моника Коц бронза.

Државното првенство за натпреварувачи од 11-14 години воедно беше и изборно за Балканско првенство што ќе се одржи на 14-15 јуни 2014 година во Истанбул. Пласман за настап на Балканско првенство остварија четири наши млади каратистки  во поединечна конкуренција и ката тимот во екипна категорија, соопшти Аврамова.

Натпреварите се одржаа во спортската сала Јасмин во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје

Девет медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат

Осум медали за каратистите на „Макпетрол“ на „Гран при Сараево“