Надал со триумф над Ферер го потврди првото место во групата

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го совлада попладнево својот сонародник Давид Ферер во дуелот од 3.коло од групата „Илие Настасе“ од Мастерсот што се игра во Лондон.

Надал ја доби „шпанската пресметка“ со 2:1 во сетови, иако ривалот поведе.

Првиот сет му припадна на Ферер во тај брекот со 7:6 (7:2 на поени), додека следните два ги доби Надал со 6:3 и 6:4 во гемови. Така Надал со максимални три победи го освои првото место во групата и го потврди пласманот во полуфиналето.

Утре тој во првото полуфинале на Мастерсот (почеток 15 часот) ќе игра против Новак Ѓоковиќ, кој беше второпласиран во групата „Стен Смит“. Рожер Федерер кој беше прв во таа група во второто полуфинале ќе игра со победникот од мечот меѓу Енди Мареј и Стан Вавринка.

Овој дуел на програмата е вечерва со почеток во 21 часот, а и двајцата тенисери имаа по една победа (над Ферер) и еден пораз (од Надал) по двата одиграни меча.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров