Вториот носител на турнирот во Доха, Шпанецот Рафаел Надал по три сета игра и нешто повеќе од два часа успеа да избори пласман во полуфиналето.
Тој го совлада Андреј Кузнецов од Русија со 2:1 во сетови (6:3; 5:7 и 6:4).
Во полуфиналето Надал ќе игра против Украинецот Иља Марченко, кој во првото четвртфинале го победи Французинот Жереми Шарди со 2:0 во сетови (6:3 и 7:6).
Во второто полуфинале ќе играат победниците од четвртфиналните дуели: Новак Ѓоковиќ – Леонардо Маер и Томаш Бердих – Клај Едмунд.