Оваа календарска година шпанскиот тенисер Рафаел Надал не успеа да освои ниту еден трофеј на поголемите тунири. Но, за поранешниот француски тенисер и сега технички директор во Тениската федерација на Франција, Арно Ди Пасквал, тоа не е хендикеп и смета дека Надал баерм уште еднаш во својата кариера ќе победи на Ролан Гарос.
– Надал е неверојатен играч и тој на крајот од годината многу напредуваше особено на завршниот Мастерс во Лондон. Станува пак се подобар и посилен во тешките ситуации. Сигурен сум дека пак ќе победи на Ролан Гарос, истакна Ди Пасквал.
Надал во девет наврати го освојуваше трофејот на Ролан Гарос и има само два пораза: од Робин Содерлинг во 2009 година и од Новак Ѓоковиќ оваа година.