Надал: Нема да освојам повеќе Грен слемови од Новак Ѓоковиќ

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал зборуваше на презентацијата на Тениската клиника „Текнон“, а во таа прилика зборуваше и за Новак Ѓоковиќ.

– Нема да освојам повеќе Грен слемови од Новак, но ќе си дадам шанса да се вратам на теренот и да уживам во него – изјави Рафа, а потоа додаде:

– Ако сакавте да ви кажам нешто ново што досега не сум го кажал, тоа е дека дефинитивно ќе се вратам и ќе играм. Не можам со сигурност да ви кажам на кој турнир, но работите се одвиваат добро. Пред неколку недели не знаев дали ќе можам да се вратам. Ќе можам да кажам повеќе за сето тоа во следните неколку недели. Не знам на кое ниво ќе биде, се оди како што треба во моментов. Тренирам и многу сум среќен поради тоа. Не сум играл една година и за мене е голема среќа што воопшто можам да зборувам за враќање и за играње тенис. Повторувам, тешко ми е сега да кажам дали ќе биде на високо ниво, но она што го знам е дека немаше да работам, тренирав и подготвив толку ако немав намера да се натпреварувам – изјави Надал.

Би можело да ве интересира

Надал подобар од Де Минор во Мадрид, се реваншира за поразот од Барселона

Рафаел Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако чувствувам дека можам да се натпреварувам

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати на теренот со победа против Флавиo Коболи

Горан Наумовски

Директорот на Индијан Велс разочаран од потегот на Надал

Предраг Петровиќ

Надал се повлече од Австралија Опен

Надал во четвртфиналето на Бризбејн