Надал нема да игра на Мастерсот во Париз

Од:

Третиот тенисер на светската ранг листа Шпанецот Рафаел Надал нема да игра на Мастерсот што ќе се игра следната недела во Париз.

Отсуството на последниот Мастерс во годината пред завршниот турнир во Лондон, Надал го образложил само со „приватни причини“. Надал во последниот период има проблеми со слепото црево.

Местото на Надал ќе го заземе неговиот сонародник Пабло Андухар. Поради повреди турнирот во Париз ќе го пропуштат и Марин Чилиќ и Ернестс Гулбис.

Надал вечерва на турнирот во Базел во четвртфиналето игра игра против Хрватот Борна Чориќ.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров