Најдобриот шпански тенисер и трет светски рекет во моментов Рафаел Надал најави дека на терените ќе се врати на почетокот на 2015 година.
– Ќе играм во Абу Даби, а потоа и во Доха, изјави Надал.
Шпанецот паузира околу еден месец, а уште трае неговата рехабилитацијата од операцијата на слепо црево поради која не настапи на Мастерс купот во Лондон.
Турнирот во Абу Даби е од егзибициски карактер и ќе се игра од 1 до 3 јануари, додека потоа следува турнирот во Доха од 5 јануари.
Надал во својата кариера има освоено 14 Грен слем титули, а настапот на овие два турнира ќе му овозможат да се подготви за првиот Грен слем турнир во годината Австралија Опен.