Надал лесно до четвртфиналето на Австралија Опен

Од:

Светскиот рекет број 2, Рафаел Надал по единаесетти пат се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен по убедливата победа со 6:0, 6:1, 7:6 (4) над Томаш Бердих за 2 часа и 5 минути игра. Тоа беше 19-та победа за Шпанецот во четвртфиналето во последните 20 официјални натпревари меѓу двајцата.

Во првите два сета недостасуваше неизвесност, бидејќи Надал направи вкупно 5 брејка (три во првиот и два во вториот). Третиот дел, сепак, беше поизедначен, и ниту еден од ривалите не можеше да го одземе сервисот на другиот. Ова резултираше со тајбрејк, каде што шампионот од 2009 година ја обнови предноста од еден мини-брејк за да го затвори сетот и натпреварот.

За место во полуфиналето тој ќе се соочи со Френсис Тиафо од САД, кој малку порано го надигра Григор Димитров со 7:5, 7:6 (6), 6:7 (1), 7:5.

– Многу сум задоволен. Играм добро во Австралија. Ја очекував реакцијата на Бердих во третиот сет. Никогаш не сум играл со Тиафо. Тој е многу брз, со силен сервис и десна рака, рече Надал по победата.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест