Надал избори полуфинале во Лондон, Вавринка со пресврт до победата над Ферер

Од:

Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка ги задржа шансите за пласман во полуфиналето на Мастерсот во Лондон каде учество веќе обезбеди Рафаел Надал од Шпанија.

Вавринка во синоќа во два сета беше поуспешен од шпанскиот тенисер Давид Ферер. Шпанецот во првиот сет водеше со 5:3, но го загуби со 7:5, а во вториот беше 6:2.

Во првиот дуел од 2.коло на Б-групата, Надал го совлада Британецот Енди Мареј со 2-0 (6:4 и 6:1) и се пласира во полуфиналето.

Од оваа група Ферер ги загуби шансите за учество во завршните мечеви.

Денеска на програмата се мечевите од 3. коло во А-групата:

Роџер Федерер – Кеи Нишикори и
Новак Ѓоковиќ – Томаш Бердих.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров