Надал и Бердих полуфиналисти на Мастерсот во Мадрид

Од:

Рафаел Надал и Томаш Бердих се првите полуфиналисти на Мастерс турнирот во Мадрид откако постигнаа победи во четвртфиналето. Надал, кој е четрикратен победник на овој турнир без многу проблеми го совлада Григор Димитров со 2:0 (6:3 и 6:4) во сетови.

Многу поголема борба имаше во вториот четвртфинален меч каде Томаш Бердих по двата освоени тај брека го победи Џон Изнер со 2-1 во сетови. Првиот сет го доби Изнер со 6:3, а следните два со 7:6 му припаднаа на Бердих. Во двата тај брека резултаот на поени беше 9:7 и 7:1.
Надал и Бердих ќе играат во утрешното прво полуфинале.

Другите два четвртфинални меча се играат вечерва: Милош Раониќ – Енди Мареј и Давид Ферер – Кеи Нишикори.

Во женските полуфинални дуели Петра Квитова ја победи Серена Вилијамс, а Светлана Кузнецова беше подобра од Марија Шарапова. Квитова и Кузнецова утре ќе играат во финалето.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров