Надал го совлада Вавринка на Мастерсот во Лондон

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал без многу проблеми синоќа ја постигна првата победа на Мастерсот во Лондон, откако во првиот меч од групата „Илие Настасе“ го совлада Швајцарецот Стан Вавринка. Мечот заврши во два сета кои Надал ги доби со 6:3 и 6:2 во гемови.

На вториот меч од оваа група Енди Мареј (Велика Британија) со истиот резултат 2:0 во сетови (6:4 и 6:4) го победи Давид Ферер (Шпанија).

Во следното коло од оваа група ќе играат Мареј – Надал и Вавринка – Ферер.

Денеска на програмата се дуелите од групата „Стен Смит“:
Томаш Бердих (Чешка) – Кеи Нишикори (Јапонија) и
Новак Ѓоковиќ (Србија) – Рожер Федерер (Швајцарија).

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров