Надал го победи Андерсон за пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Париз

Од:

Рафаел Надал успеа да се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Париз, откако синоќа во последниот меч од осминафиналето со пресврт (2:1 во сетови) стигна до триумф над Кевин Андерсон.

Мечот не почна најдобро за Надал, бидејќи првиот сет Андерсон го доби со 6:4 во гемови. Следниот сет се решаваше во тај брек, кој со 8-6 на поени му припадна на Надал, кој беше подобар и во решавачкиот сет со 6:2 во гемови.

Надал денеска во четвртфиналето ќе игра против Стан Вавринка.

Во другите мечеви од денешната програма ќе играат: Енди Мареј – Ришар Гаске, Новак Ѓоковиќ – Томаш Бердих и Давид Ферер – Џон Изнер.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров