Надал финалист на турнирот во Хамбург

Од:

Рафаел Надал успеа да се пласира во финалето на турнирот што се игра во Хамбург откако попладнево убедливо со 2:0 во сетови (6:1 и 6:2) го победи Андреас Сепи.

Ова за Надал ќе биде 96.то финале во кариерата. Во текот на вториот сет Надал побара и медицинска пауза, а по укажаната помош успешно го заврши мечот.

Негов ривал во борба за 47. трофеј на земјена подлога ќе биде Фабио Фоњини, кој со 2:0 во сетови (6:2 и 7:6) беше подобар од Лукас Пуил.

Една од причините поради која Надал настапува на овој турнир е тоа што од организаторот доби „награда-бонус“ во вредност од 500.000 евра, додека наградниот фонд на турнирот изнесува 1.190.700 евра.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров