Вториот светски рекет Рафаел Надал го заврши настапот на турнирот во Пекинг откако попладнево во четвртфиналето беше поразен од Словакот Мартин Клижан.
Надал имаше водство од 1:0 во сетови откако го доби првиот сет со 7:6 (9:7) во гемови. Во вториот сет шпанскиот тенисер имаше предност и водство од 4:2 во гемови, но потоа Клижан направи серија од четири гема и изедначи на 1:1 во сетови добивајќи го сетот со 6:4. Во решавачкиот сет беше 6:3 за Словакот.
Ова беше прва победа за Клижан во третиот меѓусебен дуел со Надал.
Клижан во полуфиналето ќе игра против Томаш Бердих, кој со 2:0 (6:4 и 6:1) во сетови го совлада Џон Изнер.
Во второто полуфинале ќе играат Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.
На женскиот дел од турнирот во полуфиналето двојките се: Ана Ивановиќ – Марија Шарапова и Саманта Стосур – Петра Квитова.