Поранешната шпанска тенисерка Гарбине Мугуруза смета дека нејзиниот сонародник Рафаел Надал е подготвен да се пензионира.
Во четвртокот Надал го откажа настапот на Лејвер купот во Берлин каде се очекуваше да го објави крајот, а двократниот Грен слем шампион сигурно верува дека крајот на неговата кариера е близу.
Во изјава за Tennis.com, Мугуруза го погледна случајот на Надал од нејзина перспектива. Таа се пензионираше во април годинава.
“Бев подготвена. Животот ми испраќаше сигнали во физичка смисла. Со нетрпение го очекував следното поглавје”, изјави Мугуруза.
Таа мисли дека е исто и кога е во прашање Надал,
„Тој е толку подготвен (за пензија) Неговото тело, ум, сè…“, започна Габрине Мугуруза и додаде:
“Време е да ужива со своето дете. Го гледав како се смешка цело време додека беше со бебето. Се прашував зошто е уште на теренот. Нека си оди дома, нека се качи на бродот и нека оди во Мајорка. Мислам дека даде се што имаше“, заклучи Шпанката.
Останува да видиме дали Надал мисли така. Во неговиот календар е и егзибиција во Саудиска Арабија, која исто така е доведена во прашање по уште едно од неговите многубројни откажувања.