Над 80 параглајдеристи деновиве во Крушево учествуваат на Пред европски и унгарски шампионат во параглајдерство.
Натпреварот ќе трае до утре, а покрај ова, во Крушево од 19 до 24 јули ќе биде домаќин и на Серискиот куп во параглајдинг. Од 16 до 23 август од Мечкин Камен пак ќе полетаат змајарите кои ќе се натпреваруваат во рамки на „Пред европскиот и национален словенски куп во змајарство“.
Сезоната на параглајдинг и змајарските натпревари почна од 20 јуни со отворањето на Британскиот отворен параглајдинг натпревар.