Националните сојузи, АБА и клубовите на состанок во Загреб на 16-ти јуни

Од:

Состанокот на раководството на АБА лигата, клубовите и националните кошаркарски сојузи, на кој ќе се разговара за актуелната ситуација ќе биде одржан на 16-ти јуни во Загреб.

Челниците на АБА лигата ќе бидат домаќини на состанокот на кој треба да биде направен првиот чекор кон решавањето на проблемот кој од 1-ви мај постои на релација ФИБА – Евролига – АБА.

Одржување на ваков состанок побарале сите национални сојузи и сите клубови кои учествуваат во АБА лигата.

ФИБА се закани дека ќе ги суспендира клубовите и националните сојузи од сите натпреварувања кои таа ги организира, доколку оние кои ја признале АБА лигата писмено не ја повлечат одлуката.

ФИБА бара АБА целосно да биде сопственост на клубовите, а не како што неодама беше договорено тие да имаат 80 отсто од сопственоста, а останатите 20 отсто да бидат во сопственост на физички лица.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос