На стартот од „Трофеј Македонија 2014“ против Полска

Од:

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва со почеток во 20 часот против Полска го игра првиот натпревар на „Трофеј Македонија 2014“.

Селекторот на Македонија Александар Џикиќ ќе има нова можност во следните три дена да ги провери играчите на кои смета во квалификациите за Европското првенство 2015 година.

Дуелот се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. На отворањето на турнирот во 17:30 часот играат селекциите на Црна Гора и на Италија.

Македонија в сабота ќе игра против Италија, а в недела противник ќе ни биде Црна Гора. До стартот на квалификациите (првиот дуел е на 10.август во Скопје со Белгија), Македонија ќе одигра и еден натпревар на гостински терен против Хрватска во Загреб на 5.август.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос