На продажба е лимузина која припаѓала на Доналд Трамп

Од:

Ако сте богати и сакате да имате нешто што некогаш припаѓало на американскиот претседател Доналд Трамп, сега имате можност да ја купите неговата лимузина.

Лимузината Кадилак се наоѓа во Глочестер во Велика Британија и е дизајнирана посебно за актуелниот претседател на САД Доналд Трамп. Произведена е во 1988 година и наречена е Кадилак Трамп. Било планирано производство на 50 лимузини, но на крајот само две биле излезени од фабричките ленти. Едната е увезена во Велика Британија во 1991 година, а поминала само 72.420 километри. Актуелниот сопственик навел дека има корозија, но не премногу со оглед на тоа дека се работи за автомобил стар 29 години.

Сопственикот на лимузината бара 50.000 фунти, но со оглед на тоа дека оди на аукција, можно е да добие и повеќе пари. Лимузината има 5,0-литарски мотор, а во внатрешноста има ТВ уред, видео, бифе и друга опрема.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска