На половина од Охридскиот маратон целосна неизвесност, 11 маратонци се борат за водечката позиција

Од:

Жестока и неизвесна е борбата за позиција на учесниците на 28-от Меѓународен пливачки маратон што денеска на пладне почна во водите на Охридското Езеро.

Во моментов маратонците се наоѓаат некаде на половина на трката, во близина на туристичката населба Пештани, а група од 11 маратонци пливаат во група наизменично менувајќи ја позицијата на врвот.

Главниот судија на Охридскиот маратон Соња Думбалова-Делова за МИА изјави дека темпото е брзо, со некаде 84 завеслаи во минута, како и дека меѓу првите во групата засега се и сите наши маратонци.

Според моменталната позиција, неизвесно ќе биде и понатаму поради тоа што растојанието меѓу пливачите кои се издвоија напред е помало од 20-тина метри.

Кај маратонките забележливо е големо заостанување, можеби и до километар зад маратонците, така што за некои од женските маратонки постои и можноста да ја пробијат границата од половина час задоцнување на целта.

Првите пливачи на целта на Градското пристаниште во Охрид вообиачено се очекува да пристигнат некаде по 17 часот, зависно од темпото на трката и временските услови. Засега се оди во прилог денешниот маратон да биде меѓу побрзите трки на Охридското Езеро.

Би можело да ве интересира

Бразилецот Матеус Еванжелиста и французинката Каролин Жуис победници на 37. Охридски пливачки маратон

(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски ги пречека учесниците на 36. Охридски пливачки маратон

Италијанецот Алесио Окипинти победник на Охридскиот пливачки маратон, французинката Каролин Жуис најдобра кај жените

Означен стартот на 36-тиот Охридски пливачки маратон

Горан Наумовски

Аргентинецот Матијас Хернандес победи на 35. Охридски пливачки маратон

И покрај хаосот со организацијата, пливачи прифаќаат учество на маратонот во Охрид

Кристијан Ландов