На Ли ја завршува кариерата

Од:

На Ли тенисерката од Кина најави крај на кариерата, бидејќи како што пренесуваат кинеските медиуми „повеќе не можела да се бори со зачестените повреди“.

Триесет идве годишната тенисерка од Вухан, во кариерата има освоено две Грен слем титули Ролан Гарос (2011) и Австралијан Опен (2014). Во февруари оваа година на ВТА листата таа се наоѓаше на второто место, што преставува нејзин најдобар ранкинг во кариерата.

На Ли која во јануари победи во Австралија, поради повредите последен пат на тениските терени се појави во јули.

Ли е една од најголемите спортски ѕвезди на азискиот континент, нејзината популарност особено порасна во 2011 година кога стана првата тенисерка од овој континент која успеала да освои Грен слем титула.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров