На езерото „Младост денеска ќе се одржи 8-от „Велешки пливачки маратон 2021“

Од:

На велешко езеро „Младост“ денеска ќе се одржи осмиот по ред „Велешки пливачки маратон 2021“. Стартот е во 10 часот пред ресторанот „Бела Вода“, а годинава ќе има четири пливачки трки во машка и женска конкуренција.

Првата е пливачката трка до 2500 метри е за рекреативци, а потоа промотивната трка на 800 метри е за деца до 11 години членови на пливачките клубови од земјава, а третата и на 2500 метри за членовите на пливачките клубови до 14 години.

Професионалниот пливачкиот маратонот стартува последен, а годинава е на пет километри. Годинава заради безбедноста на пливачите патеката е преполовена со тоа што ќе се плива истата километража но со двојно повеќе кругови, а гледачите ќе имаат цело време можност да ја следат трката, информираат од организацискиот одбор. Безбедноста на пливачите ќе ја обезбедуваат 20 кајакари и 20 спасувачи на вода.

На маратонот ќе присуствува и Томи Стефановски, најдобриот маратонски пливач, а во официјалната маратонска трка ќе учествуваат и македонските врвни пливачи Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев.

Сите учесници и публиката ќе мора да приложат сертификат за примена вакцина против Ковид-19 или негативен тест.

Годинава Велешкиот пливачки маратон не е дел од македонскиот куп во далечинско пливање.

Наградата за освоено прво место во сите категории е 3000 денари, а ја обезбеди Вулканизер-отпад Дине, кој секоја година е поддржувач на пливачкиот маратон.

„Велешкиот пливачки маратон 2021“ го организира Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“ заедно со Кајак клубот „Бабуна“ и останатите кајак клубови од градот и Општинскиот Црвен крст Велес, а под покровителство на Општина Велес.

Би можело да ве интересира

Eвгениј Поп Ацев и Јана Костадинова први на „Велешкиот пливачки маратон 2021“

Ана Ололовска

Во Крушево викендов за првпат пливачки маратон „Тоше Проески“

Жарко Настоски

Евгениј Поп Ацев победник на Велешкиот пливачки маратон

Ана Ололовска

Велешкиот пливачки маратон со учество на пливачи од Бугарија, Србија, Косово и Турција

Ана Ололовска

Втор по ред пливачки маратон од Ксамил, Албанија до Крф, Грција

Ана Ололовска