Втор по ред пливачки маратон од Ксамил, Албанија до Крф, Грција

Од:

Околу 70 пливачи од повеќе земји од светот, како Италија,Велика Британија, Ирска, Франција, Австралија, Грција па дури од Нов Зеланд учествуваа на вториот по ред пливачки маратон од Ксамил, Албанија до Крф, Грција.

-Пливачкиот маратон е востановен заради промоција на туризмот и културното наследство, но и во чест на големиот број Албанци кои се обидоа пливајќи да го преминат каналот за време на албанскиот комунистички режим, изјави Аурон Тале, директор на Националната агенција за крајбрежјето.

Од Ксамил кон Крф е најтесниот дел од Каналот на Крф, во должина од 3,2 километари каде многу луѓе беа заробени и убиени обидувајќи се да избегаат кон Грција пливајќи.

-На овој величенстен настан за жал и годинава немавме албански пливачи. Се надевам дека Албанците ќе дојдат за нивно задоволство во наредните години а поголем интерес ќе покажат и локаланите власти и жителите,заблежува Тале.

Според него сосема различна сликата била на грчкиот остров,каде натпреварот завршувал како еден вид празник.

Би можело да ве интересира

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ