Македонскиот шампион МЗТ Скопје загуби од Партизан со 63:55, најмногу благодарение на одличната игра во последната четвртина во која создадоа предност од 15:6, клучна за триумфот.
Партизан доминираше во првото полувреме во кое МЗТ Скопје само на два пати имаше водство и тоа на почетокот.
Во третиот период доминација на „штроквите“ кои ја реализираа со 19:10 и влегоа со предност на стартот од последната четвртина во која потклекнаа со постигнати 6 поени.
Шеховиќ во составот на МЗТ Скопје најефикасен на натпреварот со 19 поени, Павловиќ кај Партизан со 13 најефикасен играч.