МЗТ Скопје Аеродром вечерва од 20 часот и 30 минути гостува кај Металац во натпревар од 21. коло на АБА лигата. Во составот на македонскиот шампион по подолга пауза се враќа Марко Симоновски, додека Овен Класен поради повреда на грбот нема да настапи.
– Очекувањата за оваа средба во Ваљево се дека мора да одиграме максимално добра во одбраната, да го спречиме нивното најсилно оружје, а тоа е нивната контра и полуконтра, па доколку успееме во тоа мислам дека можеме да се надеваме на позитивен резултат. Веќе две недели тренирам со тимот со полн интензитет и целосно сум спремен да го дадам максумумот на престојната средба со Металац, изјави Симоновски.
Македонскиот шампион сезонава на дваесет натпревари има шест победи и 14 порази, учинок доволен за претпоследното место, додека Металац со ефект 9-11 се наоѓа на 11.позиција.