Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го очекува тешко гостување во Загреб кај екипата на Цибона.
Во натпревар од 12.коло на регионалната кошаркарска АБА лига, аеродромци вечерва во Загреб ќе имаат тешка задача во дуелот со Цибона. Тренерот на сино-белите Бобан Митев на оваа средба нема да може да смета на повредените македонски репрезентативци, Дамјан Стојановски и Марко Симоновски.
По 11 одиграни кола, МЗТ Скопје е на 11-место со учинок од 4 победи и 7 порази, додека Цибона е деветта со една победа повеќе.
Дуелот Цибона – МЗТ Скопје ќе започне од 17 часот термин во кој ќе стартува и втората средба во Подгорица, каде Будуќност ја пречекува екипата на Цедевита.
Вчера беа одиграни четири натпревари, а на сите победи остварија домашните екипи: Унион Олимпија – Левски 89:70, Шолнок – Крка 63:59, Задар – Партизан 69:68 и Мега Лекс – Металац 99:92.
Колото ќе биде заокружено со средбата Црвена звезда – Игокеа која ќе се игра во понеделник.
Табела: Црвена Звезда 11-0 (победи-порази), Будуќност 10-1, У. Олимпија 8-4, Цедевита 7-4, Партизан 6-6, Мега Лекс 6-6, Шолнок 6-6, Крка 5-7, Задар 5-7, Цибона 5-6, Металац 4-8, МЗТ Скопје 4-7, Игокеа 3-8 и Левски 1-11.