МЗТ Скопје со победа над Работнички ја заврши 2015 година

Од:

Екипата на МЗТ Скопје го победи големиот градски ривал Ранотнички и триумфални за заврши 2015 година.

Во последниот меч од 12 коло на Првата македонска кошаркарска лига, воедно последен и во оваа календарска година, актуелниот шампион МЗТ Скопје го победи Работнички со 86-75 по четвртини 16:19, 24:24, 17:33 и 18:10.

На средбата одиграна во салата „Градски парк’’ во Скопје, кошаркарите на МЗТ до десетата победа во првенството, стигнаа благодарение на убедливата разлика од 16 поени со која ја добија третата четвртина (33:17).

Ѓорѓе Дреновац со 27 поени беше најефикасен во победничката екипа, за која капитенот Дамјан Стојановски реализира 18 поени.

Во редовите на домаќинот најефикасни беа ветераните, Ѓорѓи Чековски со „дабл-дабл“ учинок од 23 поени и 11 скокови, како и Димитар Мираковски кој покрај 20 поени имаше и 10 асистенции.

На останатите натпревари од ова коло одиграни претходно, Куманово – Струмица 94-53, Фени Индустри – Карпош Соколи 80-86 и Кожув – Бест 82-69.

По ова следува пауза до 16 јануари за кога е предвидено 13.коло.

Табела: Карпош Соколи 10-2 (победи-порази),  МЗТ Скопје 10-1, Куманово 7-5, Кожув 6-6, Работнички 5-7, Фени Индустри 6-5, Струмица 3-8 и Бест 0-12 .

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос