МЗТ Скопје славеше против Струмица

Од:

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром очекувано славеше победа над Струмица со 107:45.

Во мечот од 15.коло одигран попладнево во Струмица, актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром уште по првата четвртина која ја доби со 26:9 најави дека ќе ја оствари десеттата победа сезонава.

Дури петмина кошаркари кај победникот имаа двоцифрен број на поени.

По 18-поени Стефан Синовец и Марко Симионовски, додека Урош Лучиќ беше стрелец на 16 поени. Спредраг Самарџиски имаше „дабл-дабл„ учинок од 11 поени и скокови, додека двоцифрен беше и Сеад Шеховиќ кој постигна 10 поени.

Потсетување на резултатите од останатите натпревари од ова коло кои беа одиграни во саботата: Фени Индустри – Гоце Делчев 109:86, Карпош Соколи – Водњански лисици 92:83 и Кожув – Работнички 85:73.

Инаку, во овие моменти, во Кавадарци се игра и заостанатиот натпревар од 14.коло во кој Фени Индустри е домаќин на Куманово.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос