Бранителот на трофејот, МЗТ Скопје Аеродром повторно е лидер на табелата во македонското кошаркарско првенство, откако вечерва на гостински терен ја победи Академија ФМП со 71:66.
Два бода потешко од очекувањата освои и Работнички на свој терен во дуелот со Еуро Никел. Средбата заврши 76:74, а гостите од Кавадарци во последната четвртина влегоа со предност од пет поени (55:50).
Резултати на другите три натпревари од 15. коло одиграни претходно:
Палистер – Вардар 96:81
Куманово – Кожув 79:67
Гостивар – МЗТ СКопје Уни Банка 89:69.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 27 бода, Работнички и Гостивар по 26, Кожув и Еуро Никел по 25, Куманово 24, Пелистер 22, Академија ФМП 18, Вардар 17, МЗТ Скопје Уни Банка 15.