МЗТ Скопје ја прекина соработката со Зивчевиќ

Од:

Кошаркарскиот шампион на Македонија МЗТ Скопје го раскина договорот со крилото Ненад Зивчевиќ. За првакот тој одигра дванаесет натпревари, а најмногу беше на теренот на дуелите од АБА лигата (седум натпревари каде постигна 35 поени).

Зивчевиќ во клубот дојде во текот на летото како едно од засилувањата кога на тренерската позиција беше Змаго Сагадин. Тој не успеа да влезе во посакуваната форма, па најверојатно прекинот на соработака е најдобрата варјанта за двете страни.

По многуте промени ростерот на тренерот Боби Митев сега е се помал. Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром утре (21 часот) го игра натпреварот од 9. коло од АБА лигата, а гостува кај екипата на Игокеа.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос