МЗТ Скопје ја пречекува Цибона во АБА лигата

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром денеска од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе ја пречекаат екипата на Цибона во рамките од 7. коло на АБА лигата.

Аеродромци се во обид да ја постигнат третата победа во серија во регионалното натпреварување. Цибона во досегашните три гостувања, трипати е поразена оваа сезона, а МЗТ на двата домашни дуели забележа победи.

– Ни доаѓа екипата на Цибона, која е составена од неколку искусни играчи, а воедно и неколку млади и талентирани играчи. Секој противник го респектираме, па така е и со Цибона, меѓутоа ние како МЗТ Скопје се гледаме себеси и нашата игра. Сигурен сум дека ќе го дадеме својот максимум и дека тоа ќе биде доволно за триумф.

Ги повикувам сите наши фанови да дојдат и да ни дадат поддршка затоа што со нив сме многу посилни, изјави Марко Љубичиќ организаторот на играта на македонскиот шампион.

МЗТ Скопје и на овој меч против Цибона, поради повреди нема да може да смета на Немања Протиќ и Марко Симоновски.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос