МЗТ Скопје го врати брејкот

Од:

Кошаркарите МЗТ Скопје Аеродром го победија Куманово со 82:75 и му се реваншираа на големиот ривал Куманово за поразот во Јане Сандански на првиот дуел од плеј-оф финалето. Сега резултатот е 1-1 во серијата прв до три победи.

Ниту петилјадната публика синоќа не му помогна на Куманово по вторпат во низа да го совлада бранителот на трофејот и да направи огромен чекор кон првиот шампионски трофеј. Домашните кошаркари не го издржаа психолошкиот притисок и повторно предноста на домашен терен му ја препуштија на тимот од Аеродром.

Цврстата игра во одбрана и стрпливиот напад посебно во првите две четвртини и на отворањето на третата делница на избраниците на Александар Јончевски беа пресудни за вредната победа на жешкиот терен.

Марко Луковиќ со 16 поени беше првиот стрелец во победничката екипа, додека во тимот на Куманово најефикасен беше Бојан Трајковски со 18 поени.

Следниот дуел се игра во вторник во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос