МЗТ Скопје го совлада Фени Индустри

Од:

Иако во четирите средби од лигашкиот дел на кошаркарското првенство на Македонија, тимот од Кавадарци оствари три победи против МЗТ Скопје, сепак, шампионот очигледно ја научил лекцијата и овој пат не дозволи изненадување.

МЗТ Скопје не му дозволи на Фени Индустри да направи изненадување и поведе со 1-0 во полуфиналето од разигрувањето за титулата.

Во првиот полуфинален меч од плејофот, одигран вечерва во СЦ „Јане Сандански’’, бранителот на шампионскиот трофеј, МЗТ Скопје Аеродром убедливо со 79:62 го совлада Фени Индустри и поведе со 1:0 во победи.

Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Стефан Синовец со 16 поени, додека Марко Симоновски постигна еден помалку (15).

Кај Фени Индустри, Американците, Берендон Вуд и Адам Кемп постигнаа 14 односно 13 поени.
Вториот меч во серијата подобар од три, ќе се игра во Кавадарци во недела. Евентуалната мајсторка би се играла во Скопје во вторник (26 мај).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос