МЗТ Скопје го совлада Фени Индустри

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје постигнаа победа на единствениот одигран натпревар од 2.коло од Супер лигата. Тие вечерва во СЦ „Јане Сандански“ го совладаа Фени Индустри со 77:65 (28:13; 18:18; 16:17 и 15:17).

Решавачка се покажа првата четвртина која „металците“ ја добија со 15 поени разлика. Најефикасен на натпреварот беше Стефан Синовец со 18 поени, додека капитенот Предраг Самарџиски имаше „дабл-дабл“ ефект: 17 поени и 10 скокови.

Другите два натпревара од оваа рунда Работнички – Карпош Соколи и Куманово – Кожув не се одиграа откако домашните екипи не се појавија во салите.

По некомплетното второ коло табелата го има следниот изглед: МЗТ Скопје А. 32 бода, Карпош Соколи 29, Фени Индустри 29, Работнички 28, Кожув 26, Куманово 26. з

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос