МЗТ Скопје го доби дербито со Кожув, а Работнички загуби од Фени Индустри

Од:

Со двата натпревари одиграни синоќа, во кои МЗТ Скопје го победи Кожув, а Работнички загуби на гостувањето кај Фени Индустри, започна вториот дел од кошаркарскиот шампионат на Македонија.

Дербито од 1. коло во Супер лигата, одиграно во Гевгелија, им припадна на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром кој со 81:71 го победија Кожув.

До првата победа во Супер лигата, вкупно тринаесетта сезонава во домашното првенство, шампионот МЗТ Скопје го предводеа, Стефан Синовец со 25 и Александар Чапин кој постигна 16 поени, сите во второто полувреме. Во редовите на Кожув, најефикасен беше Владимир Брчков со 15 постигнати поени.

Во салата „Јасмин’’ во Кавадарци, Фени Индустри го победи Работнички.
Иако гостите од Скопје, по првото полувреме имаа 11 поени предност, сепак домашниот тим, во третата четвртина ја анулира негативата, добивајќи ја истата со 22:11. Во последната четвртина повеќе среќа, но и нерви имаа домашните кошаркари па на крајот сосема заслужено се радуваа на победа со конечни 81:75.

Брендон Вуд со 18 поени, Адам Кемп и Бошко Јововиќ со по 16 поени го предводеа Фени Индустри до единаесеттата победа сезонава.

Во првото коло требаше да играат и екипите на Карпош Соколи и Куманово, но овој дуел е одложен.

Табела: МЗТ Скопје А. 30 бодови, Работнички 28, Фени Индустри 28, Карпош Соколи 27 (-1 натпревар помалку), Кожув 26 и Куманово 26 (-1).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос