МЗТ Скопје го доби дербито против Работнички

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го добија 126-тото дерби против градскиот ривал Работнички.

На средбата со која беше комплетирано 13. коло во Првата кошаркарска лига, доиграна вечерва во СЦ „Јане Сандански“ актуелниот шампион МЗТ Скопје А. го победи Работнички со 78-71.

Предраг самарџиски со „дабл-дабл“ учинок од 20 поени и 11 скокови, беше лидер во победничката екипа, за која по 14 поени постигнаа и Марко Симоновски и Урош Лучиќ , додека Александар Цветковиќ беше стрелец на 11 поени

Ветераните Ѓорѓи Чековски и Тодор Гечевски беа најзабележителните играчи кај тимот на Работнички. Чековски беше најефикасен со 19 поени, а Гечевски покрај 15 поени имаше и 11 скокови. Со по 10 поени, двоцифрени кај гостите беа и Дарко Соколов и Димитар Мираковски.

Покрај овој меч денеска се одигра првата средба од 14. коло, меѓу Водњански лисици и Кожув, која заврши со победа на гостите со 100-77.

Табела: Карпош Соколи 20 бодови, Фени Индустри 20, Работнички 19, МЗТ Скопје А. 19, Куманово 19, Кожув 18, Гоце Делчев 15, Струмица 14 и Водњански лисици 14.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос