МЗТ Скопје декласиран од Партизан

Од:

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во новата сезона на регионалната кошаркарска АБА лига.

Откако пред четири дена загуби на гостувањето во Белград од Црвена Звезда, денеска МЗТ Скопје беше совлада и од екипата на Партизан.

Во меч од 2.коло одигран во СЦ „Јане Сандански“ МЗТ Скопје загуби од Партизан со 62-93 по четвртини 16:29, 9:19, 21:22 и 16:23.

Американецот, Вилијам Хачер беше предводик на тимот од Белград, па покрај 21 постигнат поен имаше и 9 асистенции.

Во редовите на „ареодромци“ најефикасен беше Ксавиер Тимс кој средбата ја заврши со 20 поени, додека Џеремаја Мејси постигна 15.

Веќе во четврток (6 октомври) МЗТ Скопје го очекува нов тежок дуел и тоа гостување во Загреб кај екипата на Цедевита која минатата сезона играше во финалето на АБА лигата.
Вториот македонски претставник Карпош Соколи утре од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ го пречекува составот на Игокеа.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ